Демонстрантите за поддршка на битолскиот градоначалник Владимир Талевски денеска доставија декларација за поддршка до судот, со која сакаат да ги охрабрат судиите да не подлегнуваат на притисоци.
Пред комплексот судови во Скопје имаше демонстранти од цела Македонија, кои доаѓаа со автобуси уште од рано изутрината.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, во името на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ рече дека дошле пред судот за да го искажат својот револт од работата на Специјалното јавно обвинителство кое го обвини дека „осудува и пресудува само членови на една политичка партија, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ, додека за други осомничени не бара ниту притвори ниту води постапки“.
Битолскиот градоначалник Владимир Талески го добил решението на Кривичниот суд од Скопје со кое се изрекува домашен притвор, потврдија од битолската полиција.
Решението за изрекувањето куќен притвор од Кривичниот суд во Скопје патуваше од четвртокот до Битола.
Според најавите, денеска Апелациониот суд треба да решава за жалбата на битолскиот градоначалник со која ќе му се овозможи да се брани од слобода.