ТЕРЕЗА МЕЈ ГО ПРЕЖИВЕА ГЛАСАЊЕТО ЗА ДОВЕРБА, ОСТАНУВА ПРЕМИЕРКА, НО НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ВО 2022

    ТЕРЕЗА МЕЈ ГО ПРЕЖИВЕА ГЛАСАЊЕТО ЗА ДОВЕРБА, ОСТАНУВА ПРЕМИЕРКА, НО НАЈАВИ ПОВЛЕКУВАЊЕ ВО 2022Тереза Меј продолжува да го води процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ (Фото: Гети)

    Тереза Меј го преживеа гласањето за нејзина доверба и останува на функциите лидер на Конзервативната партија и британски премиер.
    На Меј ѝ беа потребни 159 гласови за позитивен исход на гласањето, а ги освои 200 од можни 319. Одзивот на пратениците бил 100%.

    Процесот за смена на Меј го покренаа 48 пратеници од редовите на нејзината партија, два дена откако таа го одложи гласањето за договорот за брегзит во британскиот парламент, што требаше да се одржи вчера, стравувајќи дека убедливо ќе биде отфрлен.

    Мнозинството конзервативци претходно најавија дека ќе ја поддржат Меј, но поради тајноста на гласањето, целиот процес се одвиваше во големи неизвесност и нервоза.

    Во своето последно обраќање во пресрет на гласањето, Меј најавила дека нема да ја води партијата на следните избори во 2022 година, но до тогаш сакала да остане на функцијата, за да го спроведе договорот за брегзит, откри еден пратеник.

    „Немам намера да ја водам партијата на следните избори, ниту имам намера да свикувам предвремени избори. Подготвена сум да ја довршам мојата работа, но сфатив дека партијата би сакала поинаков лидер за следните избори“, рекла Меј во своето емотивно обраќање.

    Сега кога Меј ја одбрани својата функција, крајниот рок за гласање за договорот за брегзит останува 21 јануари 2019. Меј во меѓувреме ќе се обиде да издејствува поповолно решение за прашањето на ирската граница, иако Европската Унија јасно ѝ порача дека нема повторно да преговара за договорот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира