ПАПАТА ФРАЊО НА 7 МАЈ ПРВПАТ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

    ПАПАТА ФРАЊО НА 7 МАЈ ПРВПАТ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈАПремиерот Зоран Заев Заев со сопругата Зорица на аудиенција кај Папата Фрањо во Ватикан на 25 мај годинава.(Фото:Влада на РМ)

    Поглаварот на Католичката црква Папата Фрањо на 7 мај ќе ја посети Македонија, соопшти денес Владата.

    „Би сакале да ве известиме дека Неговата Светост Папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките Власти на Државата и на Католичката Црква, ќе оствари Апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети градот Скопје–родниот град на света Мајка Тереза. Програмата на посетата ќе биде објавена благовремено“, се вели во владиното соопштение.

    Претходно, Папата Фрањо од 5 до 7 мај ќе ги посети Софија и Раковски во Бугарија.

    Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски на 25 мај годинава беа на аудиенција кај Папата Фрањо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира