НАПАЃАЧОТ НА БОЖИЌНИОТ ПАЗАР ВО СТРАЗБУР УБИЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА СО ПОЛИЦИЈАТА

    НАПАЃАЧОТ НА БОЖИЌНИОТ ПАЗАР ВО СТРАЗБУР УБИЕН ВО ПРЕСТРЕЛКА СО ПОЛИЦИЈАТАОд нападот во вторникот вечер, стотици полицајци трагаа по Шериф Шекат и во градот владееше опсадна состојба (Фото: АП)

    Француската полиција објави дека го убила напаѓачот на божиќниот пазар во Стразбур, кога загинаа три лица.

    Министерот за внатрешни работи Кастанер изјави дека осомничениот Шериф Шекат бил пресретнат од полицијата на улица во Стразбур и го застрелала кога тој отворил оган. Дваесет и деветгодишниот Шекат имал низа кривични обвиненија во Франција и Германија, а на радикален ислам преминал додека бил во затвор.

    Стотици полицајци трагаа по Шекат откако тој во вторникот вечер го извршил нападот на еден од централните плоштади во Стразбур, убивајќи тројца, вклучувајќи турист од Тајланд. Пет лица беа уапсени во врска со нападот, меѓу кои и родителите на Шекат и двајцата негови браќа.

    Градоначалникот на Стразбур Роланд Диес изјави дека жителите сега можат да се вратат на нормалниот живот, откако во градот владееше опсадна состојба изминативе денови.

    Шекат бил роден во Стразбур и од порано ѝ бил познат на полицијата. Тој исто така се наоѓал на листата лица кои претставуваат потенцијална закана за национална безбедност. По нападот се огласи и Исламска држава, која кажа дека Шекат бил нејзин војник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира