СУДСКО-МЕДИУМСКИОТ СОВЕТ РЕАГИРА КАЈ КАЦАРСКА И РУСКОСКА ЗА БРИШЕЊЕТО НА НОВИНАРСКИТЕ СНИМКИ ОД СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛКАТА ТРАЈЧЕВА

    СУДСКО-МЕДИУМСКИОТ СОВЕТ РЕАГИРА КАЈ КАЦАРСКА И РУСКОСКА ЗА БРИШЕЊЕТО НА НОВИНАРСКИТЕ СНИМКИ ОД СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ ПО НАРЕДБА НА ОБВИНИТЕЛКАТА ТРАЈЧЕВАСудијката Добрила Кацарска и обвинителката Вилма Рускоска дозволуваат на секое рочиште за 27 април да бидат снимени. - Обвинителката Ивана Трајчева (Фото: СДК.МК)

    Судско-медиумскиот совет испрати реакција до Основниот суд Скопје 1 и до Обвинителството за организиран криминал по вчерашниот втор случај на бришење снимки од камерите на репортерите на судскиот процес за 27 април по наредба на обвинителката Ивана Трајчева, која е само странка во овој судски процес.

    Советот е незадоволен од гестот обвинител да наредува на судската полиција да цензурира и брише инсерти од судењето во кои таа се гледа, зашто тоа е контра начелото на транспарентност во судницата. Се работи за укажување до сите странки во судската постапка за организираниот напад во Собранието на 27 април лани со кое се потсетува дека снимањето на инсерти внатре во судница го одобрува претседателот на Врховниот суд.

    „Покрај уредно добиените дозволи од Врховниот суд (член 360 ст. 3 од ЗКП) за снимање на дел од јавната расправа, еден дел од судската полиција по налог на обвинителката Ивана Трајчева, обвинител во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција постапила надвор од законските овластувања да прегледува и брише снимки од камерите со образложение дека на нив ја има во кадар. Во духот на добрата соработка и заложбите на Советот кон подобрувањето на транспарентноста на судството кон граѓаните. Судско медиумскиот совет бара од Основен суд Скопје 1 и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да не дозволат ваквата ситуација да се повтори“, се вели во соопштението испратено до двете институции.

    Застапникот на обвинението за организираниот напад на Собранието на 27 април лани Вилма Рускоска, која е и шеф на Обвинителството, денеска кажа дека случајот веќе го испитува претседателот на судискиот совет Добрила Кацарска, но и дека според нејзините информации за настанот, кој двапати де случи во рок од неколку дена по наредба на обвинителката Трајчева, „се работи за едно големо недоразбирање“.

    Кацарска и Рускоска дозволуваат на секое рочиште да бидат снимени. За 27 април досега имаше десетици и десетици рочишта.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира