НА „БОГОРОДИЦА“ ЗАПЛЕНЕТ ПОЛА ТОН МАРИХУАНА СПРЕМНА ЗА ПРОДАЖБА ВО ТУРЦИЈА

    НА „БОГОРОДИЦА“ ЗАПЛЕНЕТ ПОЛА ТОН МАРИХУАНА СПРЕМНА ЗА ПРОДАЖБА ВО ТУРЦИЈАКесите со марихуана биле најдени во специјален бункер во камионот со приколка-ладилник, кој бил изработен во Турција. (Фото: МВР)

    Пола тон марихуана проценета на над милион евра, во камион-фрижидер запленија одделите за организиран криминал и за криминалистичка полиција на граничниот премин Богородица на излез од Македонија.

    Запленетата марихуана требало да се транспортира до Турција. Засега е уапсено и изведено пред судија на претходна постапка едно лице, рече на денешниот прес во МВР портпаролот Тони Ангеловски.

    Кесите марихуана се најдени по извршен претрес во камион-ладилница марка „Ман“, сопственост на фирма која тој не ја откри. Камионот бил управуван од З. А. (46) од Скопје, кој е уапсен.

    „При извршениот претрес во специјално направен бункер во кровот на приколката, пронајдени се 181 полиетиленски пакувања со марихуана, а З.А. е приведен“, рече Ангеловски.

    Марихуаната во текот на ноември и декември од Албанија ја набавил Д. С. (33) од Скопје. Требало да помине низ Грција и да се продава во Турција.

    Бункерот во камионот бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде веќе била подготвена марихуаната за транспорт.

    Кривична пријава Одделот за организиран криминал поднел и против Д. С. како организатор на транспортот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира