Автомобил Пежо утринава пропадна во дупка од градежни активности кај „Прокредит“ банка близу „Сити Мол“ во скопската населба Карпош.
„Околу 7-8 часот во ургентниот центар на болницата ‘8 Септември’ биле донесени три деца, кои наводно украле возило и при возење пропаднале во дупката. Прегледани се и бидејќи немале посериозни повреди, однесени се во полициска станица“, велат извори од болницата за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Од МВР велат дека сè уште проверуваат за што станува збор.
Е. БОЧВАРОСКА