ПЕТ ДЕЦА ОД СКОПЈЕ ЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ, ЗАСЕДАВА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ

    ПЕТ ДЕЦА ОД СКОПЈЕ ЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ, ЗАСЕДАВА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕМинистерството за здравство е во координација со Министерството за труд и социјална политика децата да се повлечат од градинката, а доплонително ќе известат кои и какви мерки ќе преземат (Фото:СДК.МК)

    Пет деца на предшколска возраст се заразени со морбили, во тек е состанок на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека децата посетувале градинка во скопската населба Радишани.

    „Во кординација сме со Министерството за труд и социјална политика децата да се повлечат од градинката, засега имам толку информации. По состанокот на Комисијата ќе имаме повеќе информации и ќе кажеме кои мерки ќе бидат преземени”, рече Филипче.

    Мали сипаници или морбили се заразно заболување за кое децата се вакцинираат согласно редовниот календар за имунизација. Ова заразно заболување, според епидемиелозите, е опасно кај малите деца и кај бебињата, бидејќи може да предизвика тешки компликации и смрт.

    Во јануари годинава беа нотирани два случаи на морбили во Куманово, каде беа заразени 6-месечно бебе и 40-годишен маж, а во април годинава здравствените власти алармираа дека Македонија е меѓу високоризичните земји за појава на епидемија на морбили поради намалениот опфат на имунизација на децата во 2017.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира