ИЛХАН ОМАР УРНА 181-ГОДИШНА ЗАБРАНА И ВЛЕЗЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС НОСЕЈЌИ ХИЏАБ

    ИЛХАН ОМАР УРНА 181-ГОДИШНА ЗАБРАНА И ВЛЕЗЕ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС НОСЕЈЌИ ХИЏАБИлхан Омар положи заклетва со рака на Куранот, што Томас Џеферсон го превел на англиски во 1734 година (Фото: ЕПА)

    Дваесет и три години откако напушти бегалски камп во Кенија, Илхан Омар стана првата членка на американскиот Конгрес која носи хиџаб.

    Поради Омар, која положи заклетва на Куранот, дури се менуваа и правила, па претходно беше укината 181 година старата забрана на носење облека за глава од каков било тип во Конгресот.

    „Никој нема да става шал на мојата глава освен јас самата. Тоа е мој избор, заштитен со Првиот амандман. И ова не е последната забрана што ќе ја укинам“, напиша Омар на Твитер во ноември.

    Триесет и шестгодишната Омар е дел од 116. состав на Конгресот, кој се одликува со нова генерација лица и со различности. Во Претставничкиот дом сега има рекордни 102 жени, вклучувајќи муслиманки, Афроамериканки, домородни Американки и со латино потекло.

    „Кога бев мала, му преведував на дедо ми и тој го пробуди мојот интерес за политика. Би сакала да можеше да биде овдека за да го види овој историски момент, но неговиот дух беше тука кога ја положив раката на Куранот“, изјави Омар, демократка од Минесота.

    Покрај неа, во Конгресот влезе уште една муслиманка, Рашида Тлаиб, но таа не носеше хиџаб, туку традиционална палестинска облека.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира