ПОРАНЕШНА ГРАДСКА БОЛНИЦА РАБОТИ СО НАМАЛЕН ОБЕМ ПОРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 4 ОДДЕЛИ

    ПОРАНЕШНА ГРАДСКА БОЛНИЦА РАБОТИ СО НАМАЛЕН ОБЕМ ПОРАДИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА 4 ОДДЕЛИ„Клиниката има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Работат сите пет операциони сали. Болницата засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата и санацијата се одвиваат во етапи“, велат од Министерство за здравство (Фото: Министерство за здравство)

    Специјалната болница за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна Градска болница, работи со намален обем, бидејќи во тек е реконструкција.

    Од Министерството за здравство велат дека реконструкцијата се одвива во етапи и дека целосно се реконструира третиот кат од болницата, каде се сместени одделот за детска хирургија и одделот за пластична хирургија.

    „Во моментот се доградува делот каде ќе се постави нов лифт, кој ќе биде поврзан со топол ходник, низ кој ќе бидат транспортирани пациентите од влезот на болницата до одделенијата или операционите сали“, велат од Министерството за здравство.

    Освен третиот кат се обновуваат и вториот и првиот кат од западното крило на болницата, односно одделот за урологија на првиот кат и одделението за дигестивна хирургија на вториот кат.

    „Клиниката има 350 вработени и во неа годишно се вршат од 3.500 до 4.000 операции. Работат сите пет операциони сали. Болницата засега работи во намален обем, но без прекини, а реконструкцијата и санацијата се одвиваат во етапи“, велат од Министерство за здравство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира