Утринава замрзна брегот на Охридското Езеро. Дебелината на мразот е неколку сантиметри.
Од ниските температури кои утринава достигнаа и до минус 10 степени измрзна трската кај каналот, а некои кајчиња останаа заробени во мразот.
И просторот каде што пред десетина години беше донесен од струшкиот брег познатиот охридски локвањ е замрзнат. Нема ни трага од ова водно растение.
Плашицата во каналот Студенчишта не е загрозена. Таму не е формирана покривка од мраз, бидејќи водата во него е проточна.
Д. ЧУБРИЌ