ТРАМП ГО НАДМИНА КЛИНТОН – ЗАТВОРАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА СТАНА НАЈДОЛГО ВО ИСТОРИЈАТА

    ТРАМП ГО НАДМИНА КЛИНТОН – ЗАТВОРАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКАТА ВЛАДА СТАНА НАЈДОЛГО ВО ИСТОРИЈАТАДодека трае блокадата, 800.000 федерални работници се без плата (Фото: Ројтерс)

    Делумното затворање на американската влада влезе во 22. ден и стана најдолго во историјата, додека излезот од политичката криза сѐ уште не е на повидок.

    Досегашниот рекорд беше забележан во 1995/96 година, во времето на Бил Клинтон, кога владата беше под блокада 21 ден.

    Претседателот Доналд Трамп одбива да го потпише законот за финансирање на владата, заканувајќи се дека тоа ќе трае сѐ додека не добие 5,7 милијарди долари за изградба на ѕид долж мексиканската граница, на што демократите се противат. За тоа време, 800.000 федерални работници остануваат без плата. Меѓу нив се и агенти на ФБИ и затворски чувари, кои во петокот не ја добија првата плата во оваа година.

    Трамп, во меѓувреме, попушти во заканите дека ќе прогласи вонредна состојба за да го изгради ѕидот.

    „Тоа е лесниот начин за излез од кризата, но преферирам Конгресот да го реши проблемот. Но, ако не може, тогаш можам да прогласам вонредна состојба. Имам апсолутно право на тоа“, кажа Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира