ДЕНЕС ОД 18 ЧАСОТ СЕ УКИНУВААТ МЕРКИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ И ПОСКАП ПАРКИНГ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

    ДЕНЕС ОД 18 ЧАСОТ СЕ УКИНУВААТ МЕРКИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ И ПОСКАП ПАРКИНГ ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТООд Град Скопје информираат дека ПМ10 честичките во воздухот се под 188 микрограми на метар кубен, па затоа мерките се укинуваат.(Фото: СДК.МК)

    Од 18 часот денес нема да важи бесплатниот автобуски превоз и двојно поскапиот паркинг во Скопје, кои беа воведени во неделата, како мерки против загадувањето.

    Од Град Скопје информираат дека според известувањето од Министерството за животна средина, ПМ10 честичките во воздухот се под 188 микрограми на метар кубен, па затоа мерките се укинуваат.

    „Овие мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани. И покрај расчистувањето на воздухот Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрва да се користат и одржуваат според упатствата на производителот“, велат од Град Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира