ЧЕТВОРИЦА НОВОЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ, ОД КОИ ТРИ СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ ДЕЦА

    ЧЕТВОРИЦА НОВОЗАРАЗЕНИ СО МАЛИ СИПАНИЦИ, ОД КОИ ТРИ СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ ДЕЦАНа Клиниката за инфективни болести примени се три нвозаболени деца кои не биле вакцинирани и не оделе во градинка, а возрасниот кој е од тетовското село Брвеница има непознат вакцинален статус (Фото: СДК.МК)

    Три деца и еден возрасен со мали сипаници денес се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, децата не биле вакцинирани со вакцината МРП (морбили, рубеола, паротит), а кај возрасниот вакциналниот статус е непознат.

    „Од новопримените деца на Инфективна клиника, едното дете е на возраст од пет години и тоа е од Сопиште, другото дете е од Аеродром на возраст од 1,5 години, а третото е од Карпош и е на возраст од 2,5 години. Ниту едно од нив не одело во градинка, ниту пак биле вакцинирани. Возрасниот е од тетовското село Брвеница,  има 26 години и тој е со непознат вакцинален статус“, велат од Министерството за здравство.

    Во последните 24 часа на Клиниката амбулантски се прегледани уште 4 пациенти со симптоми на морбили, но со полесна клиничка слика и тие се пуштени на домашно лекување.

    „Амбулантски се прегледани едно дете на возраст од 2,5 години, кое било невакцинирано и тројца возрасни на 34, 35 и 42 години и сите се со непознат вакцинален статус3, велат од Министерството за здравство.

    Вчера на клиниката беа примени три нови случаи на заразени со мали сипаници и од ова заболување сега таму се лекуваат триесетина пациенти, а досега регистрирани се над 70 слуачи на заразени со висрусот на морбили.

    „Денес вакцина примиле 179 деца, а од почетокот на епидемијата вакцинирани се 3.760 деца“, велат од Министерство за здравство.

    Е. БОЧВАРОСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира