„МАКЕДОНИЈАЛЕК“ ИМА РОК ДА ГИ УНИШТИ ВАКЦИНИТЕ СО ПОГРЕШНИ ЛЕПЕНКИ, НО АКО НЕ РАБОТИ ПЕЧКАТА ВО ДРИСЛА ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ДА ЈА ПОПРАВАТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ

    „МАКЕДОНИЈАЛЕК“ ИМА РОК ДА ГИ УНИШТИ ВАКЦИНИТЕ СО ПОГРЕШНИ ЛЕПЕНКИ, НО АКО НЕ РАБОТИ ПЕЧКАТА ВО ДРИСЛА ЌЕ ПОЧЕКАМЕ ДА ЈА ПОПРАВАТ, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИДиректорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) Ќахил Ибраими вели дека и покрај тоа што вакцините се со добар рок и се безбедни, поради погрешните декларации Агенцијата има право да ги прогласи како несправни и да бара нивно уништување (Фото: Министерство за здравство)

    Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) побарала од дистрибутерот на вакцините МРП (морбили, рубеола, паротит) да ги уништи вакцините кои имаат добар рок на траење, но биле со погрешни декларации. директор Ќахил Ибраими вели дека испратиле допоис до компанијата „Македонијалек“ да ги уништи вакцините кои при вонредниот надзор беа собрани од вакциналните пунктови, а кои беа со погрешни налепници. Тој вели дека при контрилите биле најдени 624 кутии на вакцини со погрешни декларации, иако рокот на самата вакцина и на внатрешното пакување е во ред и вакцините се безбедни.

    На прашањето зошто бараат уништување на вакцините кои се исправни и со добар рок, Ќахил вели:

    „Агенцијата има право, согласно Законот за лекови и медицински помагала, доколку е оштетена фолијата или надворешното пакување на лекот да го прогласи како неисправен и да побара негово уништување“.

    Тој кажа дека компанијата има рок до кога треба да ги уништи вакцините и дека следната недела очекуваат да ги извести дека се уништени.

    „Вакцините се запленети, стојат во магацинот на ‘Македонијалек’, која има обврска да ги уништи, односно да ги однесе на Дрисла на уништување и наши инспектори ја следат работата на Дрисла“, вели Ибраими.

    На прашањето како „Македонијалек“ во дадениот рок ќе ги уништи вакцините, со оглед на тоа дека од Дрисла вчера изјавија оти печката за согорување медицински отпад е исклучена, бидејќи настанал дефект на филтерот, Ибраими рече: „Не знам за тоа, прв пат слушам. Тогаш ќе почекаме да се отстрани дефектот“.

    Минатата недела, министерот за здравство Венко Филипче рече дека ќе бара максимални казни за компанијата, како и дека ќе ги повика директорите на здравствените домови да кажат како се случило при приемот да ги примат вакцините со погрешни декларации.

    Директорот на МАЛМЕД Ибраими истиот ден изјави дека вакцините со погрешни лепенки ги нашле во 11 пунктови за вакцинација, и дека казните за ваков прекршок се од 25.000 до 50.000 евра.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира