СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА ДЕФИЦИТОТ ОД 3,2 НА 3,6 ПРОЦЕНТИ

a:1:{s:9:"td_source";s:24:"Скопје,(МЕТА)

    СО РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ СЕ ЗГОЛЕМУВА ДЕФИЦИТОТ ОД 3,2 НА 3,6 ПРОЦЕНТИ

    Владата вечерва на седница го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година, кој веднаш ќе биде доставен до Собранието. Со ребалансот се зголемува дефицитот и тој од првично проектираните 3,2 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), сега се проектира на 3,6 проценти.

    Новиот министер за финансии, Кирил Миноски на прес-конференција образложи дека ребалансот се должи на промена на проекцијата за пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 4 проценти на 2,3 проценти.

    Со ребалансот, приходите се намалуваат за 2 проценти или за 3 милијарди денари, а расходите за 804 милиони денари во однос на проектираното. Тој истакна дека не се загрозува исплатата на платите, пензиите и на социјалните трансфери, а капиталните расходи се намалуваат, но сепак остануваат на високо ниво.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира