НЕ БИ ГИ НАРЕКОЛ ПРЕДАВНИЦИ ОНИЕ КОИ ГО ПОДДРЖУВААТ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА ГРЧКАТА ОПОЗИЦИЈА МИЦОТАКИС

    НЕ БИ ГИ НАРЕКОЛ ПРЕДАВНИЦИ ОНИЕ КОИ ГО ПОДДРЖУВААТ ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА, ВЕЛИ ЛИДЕРОТ НА ГРЧКАТА ОПОЗИЦИЈА МИЦОТАКИССпоред Мицотакис, гласањето во грчкиот парламент било критично затоа што „штом еден договор биде ратификуван, потоа не може да се направи многу за да се промени“. (Фото: АНА-МПА)

    Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова Демократија Кирјакос Мицотакис вели дека Договорот од Преспа ќе создаде повеќе проблеми отколку што решава, но додаде дека никогаш не би нарекол предавник некој кој го поддржува договорот, пренесе агенцијата АНА-МПА.

    „Никогаш не би нарекол некого предавник затоа што го поддржува Договорот од Преспа, ниту пак го поддржувам насилството што го видов изминативе неколку дена“, кажа Мицотакос на економска конференција во Атина.

    Според Мицотакис, гласањето во грчкиот парламент било критично затоа што „штом еден договор биде ратификуван, потоа не може да се направи многу за да се промени“.

    Грчкиот парламент вчера со 153 гласа „за“ го ратификуваше историскиот Договор, со кој се става крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија.

    Претходно, македонското Собрание со 81 глас „за“ ги усвои четирите уставни амандмани предвидени со Договорот од Преспа и потоа со ист број гласови донесе одлука за прогласување на амандманите 33, 34, 35 и 36 со што тие стануваат дел од Уставот. Со ова, името на земјава е Република Северна Македонија за севкупна употреба, со признати македонски јазик и македонска националност.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира