ОСВЕН НАЈНИСКА ЦЕНА, ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ КРИТЕРИУМ ЌЕ БИДЕ И КВАЛИТЕТ, ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕТО

    ОСВЕН НАЈНИСКА ЦЕНА, ПРИ ЈАВНИТЕ НАБАВКИ КРИТЕРИУМ ЌЕ БИДЕ И КВАЛИТЕТ, ЗАКОНСКИТЕ ИЗМЕНИ ПОМИНАА ВО СОБРАНИЕТО„Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите од 2014, се отстрануваат и повеќекратни негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена“, вели министерот за финансии Драган Тевдовски (Фото: СДК.МК)

    Со промените на Законот за јавни набавки, усвоени во Собранието, при избирање на најповолна понуда освен најниска цена, критериум ќе биде и трошокот како и соодносот меѓу цената и квалитетот. Новите законски одредби на сила ќе стапат во април.

    Од Министерството за финансии велат дека новиот Закон за јавни набавки е усогласен со законодовството на ЕУ и дека ќе обезбеди рационално трошење на државните пари, слободна и фер конкуренција, како и транспарентност при јавните набавки.

    „Она што е најважно е што се воведува економски најповолната понуда како единствен критериум за доделување на договорите. Примената на овој критериум може да вклучува три различни пристапи: само цената, само трошокот или најдобриот сооднос помеѓу цената и квалитетот. Независно од тоа кој пристап се користи, при оценка на понудите секогаш треба да се вклучи економски елемент. Со воведувањето на економски најповолната понуда како критериум за доделување на договорите, освен што се врши усогласување со директивите од 2014, се отстрануваат и повеќекратни негативни ефекти од досегашното користење на критериумот најниска цена. Сведоци сме дека послаб квалитет или трошоци за поправки ја чинат државата многу повеќе“, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

    Министерот за финансии посочи дека со предложениот Закон за јавни набавки ќе се подобри системот на јавни набавки во земјава, а нашето законодавство ќе се усогласи со законодавството на Европската унија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира