НА 6 ФЕВРУАРИ ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО ЌЕ ГО ПОТПИШАТ ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ ЗА ИДНАТА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, НАЈАВИ СТОЛТЕНБЕРГ

    НА 6 ФЕВРУАРИ ЧЛЕНКИТЕ НА НАТО ЌЕ ГО ПОТПИШАТ ПРИСТАПНИОТ ПРОТОКОЛ ЗА ИДНАТА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, НАЈАВИ СТОЛТЕНБЕРГНа церемонијата на потпишување на пристапниот протокол во седиштетот на НАТО во Брисел ќе присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров. - Столтенберг и Димитров (архивска фотографија)

    Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека на 6 февруари земјите членки на НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол за идната Република Северна Македонија заедно со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров.

    „На 6 февруари ќе испишеме историја: Сојузниците од НАТО ќе го потпишат пристапниот протокол за идната Република Северна Македонија заедно со министерот за надворешни работи Никола Димитров“, твитна Столтенберг.

    Според процедурата, пристапниот протокол потоа треба да биде ратификуван од сите земји членки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира