СО КАЛАШНИКОВИ ОГРАБЕНА „ХАЛКБАНКА“ ВО ВИЗБЕГОВО

    СО КАЛАШНИКОВИ ОГРАБЕНА „ХАЛКБАНКА“ ВО ВИЗБЕГОВООграбемна е банката на улица Јадранска магистрала, а разбојниците од сефот одзеле неутврдена сума пари, потврди МВР (Фото: Ѓ. Личовски)

    Попладнево е ограбена експозитура на „Халкбанка“ во скопско Визбегово. Според очевидци, крадците при грабежот носеле калашникови, ги натерале присутните да легнат на земја и ја ограбиле банката.

    Полицијата го потврди грабежот.

    „Денеска околу 13.00 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во банка на улица Јадранска магистрала непознати сторители извршиле разбојништво и со закана со оружје од сефот одзеле неутврдена сума на пари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира