БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО СИПАНИЦИ ВО ЕВРОПА СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА ТРИПАТИ ВО 2018, НАЈМНОГУ СЛУЧАИ ВО УКРАИНА И СРБИЈА

    БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО СИПАНИЦИ ВО ЕВРОПА СЕ ЗГОЛЕМИЛ ЗА ТРИПАТИ ВО 2018, НАЈМНОГУ СЛУЧАИ ВО УКРАИНА И СРБИЈАЛани имало 72 починати од сипаници, наспроти 42 во 2017 (Фото: Гети)

    Бројот на заразени со мали сипаници во Европа се зголемил за трипати меѓу 2017 и 2018 година, при што се регистрирани вкупно 82.596 случаи, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во 2017 имало 25.863 случаи.

    Иако степенот на вакцинацијата се подобрува, СЗО вели дека покриеноста не е доволно висока за да се спречи ширењето на вирусот.

    Украина е на врвот на оваа листа со повеќе од 53.000 заразени минатата година, дури десет пати повеќе од Србија (5.076 случаи). Повеќе од 90% од случаите отпаѓаат на десет држави. Лани имало 72 починати од сипаници, наспроти 42 во 2017.

    На третото место според бројот на заразени минатата година е Израел (2.919), па следуваат Франција, Италија, Русија, Грузија, Грција, Албанија и Романија.

    „Сликата за 2018 кажува дека сегашното зголемување на нивото на имунизација е недоволно за да се спречи ширењето на сипаниците. Сега имавме рекордна бројка заразени и починати, што значи дека празнините на локално ниво оставаат простор за ширење на заразата“, изјави директорката на СЗО за Европа Зузана Јакаб.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира