„ЕРБАС“ ПРЕСТАНУВА СО ПРОИЗВОДСТВОТО НА „А380“, НАЈГОЛЕМИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН НА СВЕТОТ

    „ЕРБАС“ ПРЕСТАНУВА СО ПРОИЗВОДСТВОТО НА „А380“, НАЈГОЛЕМИОТ ПАТНИЧКИ АВИОН НА СВЕТОТ„Ербас“ беше принуден на ваква одлука откако „Емирејтс“ ја намали својата нарачка на „А380“ (Фото: ЕПА)

    „Ербас“ соопшти дека ќе престане да го произведува најголемиот патнички авион на светот „А380“, додавајќи дека последните примероци ќе ги испорача во 2021 година. Ваква одлука беше донесена откако авиокомпанијата „Емирејтс“, најголемиот купувач на „А380“, најави дека ќе ја намали својата нарачка.

    „Од ‘Емирејтс‘ најавија дека ќе ја намалат својата нарачка од 162 на 123 авиони. Како резултат на оваа одлука, ние немаме основа да продолжиме со производството на ‘А380‘, и покрај нашите напори да постигнеме договор со други авиокомпании во изминатите години. На тој начин, ќе прекинеме со испораките на ‘А380‘ во 2021 година. Патниците низ целиот свет сакаат да патуваат со овој голем авион и затоа оваа одлука е уште поболна за нас“, изјави извршниот шеф на „Ербас“, Том Ендерс.

    Компанијата додаде дека оваа година ќе испорача меѓу 880 и 890 нови авиони.

    „А380“ го имаше својот прв лет во 2007 и беше популарен меѓу патниците, но и комплициран и скап да се направи. Производството беше поделено на неколку локации низ Европа, а конечното составување се правеше во Тулуз и Хамбург. „Емирејтс“ ќе ги добие последните 14 „А380“ во наредните две години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира