„Не станува збор за повеќе или помалку Европа како принцип, туку за постигнување подобри резултати“, рече Меркел. Таа додаде дека на пример, борбата против невработеноста на младите може да се состои и од поништување на ЕУ директивите и од продлабочување на европската соработка.
Меркел рече дека Европа „се соочува со сериозна ситуација“ со тоа што Британија сака да излезе, но додаде дека „Сметаме дека ние 27 земји ќе се справиме со ситуацијата“.
Лидерите на ЕУ рекоа дека се решени да останат обединети како 27 земји членки, и покрај брегзитот. На самитот денеска во Брисел тие ја предупредија Британија дека ако сака да го ужива единствениот пазар на ЕУ по излегувањето, ќе треба да прифати и дека европските граѓани ќе мора да може да влегуваат во Британија. Претседателот на ЕУ Доналд Туск рече дека брегзитот ги оставил другите земји „апсолутно решени да останат единствени“.