МОЖЕШ И ДА НАРАЧУВАШ УБИСТВА, НО НЕ ТИ СЕ ПЛАШИМЕ, МУ КАЖА МИЦКОСКИ НА ЗАЕВ ПО АПСЕЊАТА НА ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИ

    МОЖЕШ И ДА НАРАЧУВАШ УБИСТВА, НО НЕ ТИ СЕ ПЛАШИМЕ, МУ КАЖА МИЦКОСКИ НА ЗАЕВ ПО АПСЕЊАТА НА ЈАНАКИЕСКИ И РИСТОВСКИХристијан Мицкоски пристигнува на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на претседателски кандидат на 16 февруари во Струга. (Фото: Ѓ. лИЧОВСКИ)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагираше со прес-конференција по апсењата на неговите сопартијци Миле Јанакиески и Спире Ристовски како осомничени за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017. Мицкоски вели дека апсењата се по нарачка на премиерот Зоран Заев и дека се врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази. На Заев му вели дека може и да нарачува убиства, но дека не му се плашат.

    „Заев го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на рекла казала муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваат. Овие луѓе не се виновни. Апси, можеш и да нарачуваш убиства, но, едно да знаеш нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме“, кажа Мицкоски.

    Подоцна, во објава на Фејсбук, Мицкоски објави фотографии од Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спире Ристовски и напиша: „Можеби некогаш со различни ставови, но ВМРО и Македонија е она што не обединува, иако тоа во ова време ни ги зголемува страдањата“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира