ШАБАН СЕЈДИУ И ЗОРАН ШОРОВ ПОЧЕСНИ ГОСТИ НА НАЈГОЛЕМИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ДАН КОЛОВ“ ВО БУГАРИЈА

    ШАБАН СЕЈДИУ И ЗОРАН ШОРОВ ПОЧЕСНИ ГОСТИ НА НАЈГОЛЕМИОТ ТУРНИР ВО БОРЕЊЕ „ДАН КОЛОВ“ ВО БУГАРИЈАШоров е трикратен, а Сејдиу четирикратен учесник на олимпијадите

    На големиот меѓународен турнир во борење „Дан Колов“ во Бугарија, кој се смета за неофицијално светско првенство, како почесни гости ќе присуствуваат и македонските боречки легенди, четирикратниот олимпиец Шабан Сејдиу и Зоран Шоров, кој трипати настапи на ОИ.

    И двајцата ја прифатиле поканата на турнирот, што традиционално ќе се одржи на 28 февруари во Русе. Тие велат дека за нив ова е голема чест и убава прилика да се видат со нивните поранешни ривали од олимпијадите и светските првенства, а на младите борачи да им пренесат драгоцени искуства.

    На овој голем турнир во чест на светскиот шампион Дан Дончо Колов меѓу 400 борачи од 30 земји ќе бидат и неколкумина македонски борачи, како и натурализираните Владимир Егоров и Могамегаџи Нуров, предводени од селекторот Љуљзим Вранези. На турнирот ќе учествува и македонскиот судија Марјан Лазаров од Штип.

    „Очекуваме добри резултати од сите наши учесници, но турнирот ‘Дан Колов‘ особено ќе биде големо искуство за македонските борачи кои ќе учествуваат на Европското првенство за борачи до 23 години, кое од 3 до 8 март ќе се одржи во Нови Сад“, вели потпретседателот на Федерацијата на боречките спортови на Македонија, Дејан Богданов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира