НАШЕТО ПРИЈАТЕЛСТВО Е НАЈГОЛЕМИОТ НАПРЕДОК ЗА СВЕТОТ, КАЖА ТРАМП НА СТАРТОТ НА ВТОРИОТ САМИТ СО КИМ ЏОНГ-УН

    НАШЕТО ПРИЈАТЕЛСТВО Е НАЈГОЛЕМИОТ НАПРЕДОК ЗА СВЕТОТ, КАЖА ТРАМП НА СТАРТОТ НА ВТОРИОТ САМИТ СО КИМ ЏОНГ-УНТочната агенда на вториот самит на Трамп и Ким не е позната (Фото: АП)

    Доналд Трамп и Ким Џонг-Ун ја почнаа својата втора, дводневна средба во Виетнам, при што американскиот претседател го опиша својот севернокорејски колега како „голем лидер“ и му понуди помош за неговата земја да изгради сјајна иднина.

    Тие се ракуваа на почетокот на состанокот во хотелот „Метропол“ во Ханој, во амбиент сличен на оној од пред осум месеци во Сингапур.

    „Чест е да се биде овдека со претседавачот Ким. Чест ми е што сме заедно во Виетнам, кадешто ни поставија црвен тепих и покажаа дека се многу почестени што сме овдека. Имавме многу добар прв самит. Мислам дека овој ќе биде еднакво успешен, ако не и поуспешен. Направивме голем напредок, но мислам дека најголемиот напредок за светот е нашето пријателство“, изјави Трамп.

    Тој повтори дека Северна Кореја има светла иднина ако спроведе целосна денуклеаризација, бидејќи има неверојатен, неограничен економски потенцијал.

    „Виетнам се развива како ретко кое место на светот. И Северна Кореја може да биде таква ако се денуклеаризира“, кажа Трамп.

    Тие потоа вечераа, а евентуално потпишување договори и прес-конференции се очекуваат утре. Точната агенда на самитот не е позната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира