ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ЖИВ ИЗГОРЕ ПАЛЕЈЌИ СТРНИШТЕ ВО ВЕЛЕШКО

    ЗЕМЈОДЕЛЕЦ ЖИВ ИЗГОРЕ ПАЛЕЈЌИ СТРНИШТЕ ВО ВЕЛЕШКОИако има забрана, земјоделците често палат стрништа за да добијат нови земјоделски површини (Фото: СДК.МК)

    Жител на велешкото село Мартолци жив изгоре во опожарена нива. Јован Андреевски (80) палел стрниште, кога го зафатил огнот. Кога дошла екипата на велешка Брза помош, го нашла неговото јагленисано тело под дрво. Тој се обидел да избега пред огнот во блиската река Тополка, но ветерот го засилил пожарот и го зафатил Андреевски.

    „На 26 февруари, во СВР Велес било пријавено дека во нива во селото Мартолци било пронајдено лицето Ј. А. (80) со изгореници на телото. Истиот ден околу 13 часот, тој ја запалил исушената трева, но огнот го зафатил и него“, пишува во соопштението потпишано од Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

    За подготовка на нивите за пролетната сеидба, селаните ги палат стрништата, и покрај предупредувањата дека со тоа се уништуваат и растителниот и животинскиот свет на тие површини. Ова не е прв случај во велешко земјоделец жив да изгори палејќи земјоделска површина.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира