ПАРИЧНА КАЗНА ИЛИ 15 ДЕНА ЗАТВОР ЗА ОНИЕ КОИ НА ИНТЕРНЕТ ЌЕ ГО НАВРЕДАТ ПУТИН

    ПАРИЧНА КАЗНА ИЛИ 15 ДЕНА ЗАТВОР ЗА ОНИЕ КОИ НА ИНТЕРНЕТ ЌЕ ГО НАВРЕДАТ ПУТИНЗаконот доаѓа во периодот кога рејтингот на Путин падна на само 33%, најниско во последните 13 години (Фото: ЕПА)

    Рускиот парламент го усвои контроверзниот закон кој на судовите им дозволува да изрекуваат затворски казни на оние кои преку интернет ги навредуваат владата или високите државни функционери, вклучувајќи го и претседателот Владимир Путин.

    Законот овозможува парични казни до 10.000 рубљи (1.155 долари) за непристојни објави на интернет, со кои се искажува „грубо непочитување кон општеството, државата, официјалните национални симболи, уставот или властите“.

    За оние кои ќе го повторат прекршокот е предвидена двојно поголема казна или затвор од 15 дена.

    Овој закон овозможува прогонување на оние кои кажуваат шеги за парламентот или го исмеваат Путин. Законот е толку нејасно дефиниран што секој вид на онлајн критика, вклучувајќи и сатирични мемиња, би можел да биде сфатен како непочитување“, вели Александер Верховски, шеф на невладината организација „СОВА центар“.

    Овој закон доаѓа во периодот кога рејтингот на Путин падна на само 33%, најниско во последните 13 години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира