САМО ШЕСТ ЖЕНИ ВО 37. ГЕНЕРАЦИЈА ДОБРОВОЛЦИ ВО АРМ

    САМО ШЕСТ ЖЕНИ ВО 37. ГЕНЕРАЦИЈА ДОБРОВОЛЦИ ВО АРМВкупно 86 војници кои доброволно отслужуваат воен рок дадоа заклетва во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ (Фото: СДК.МК)

    Рамноправни, но само на зборови. Така на шега се коментираше присуството на само шест девојки во 37. генерација на АРМ, која денеска, на 8 март, положи заклетва. Половина од нив се мајки со деца, за кои следните три месеци ќе се грижат татковците. Вкупно 86 војници кои доброволно отслужуваат воен рок дадоа заклетва во велешката касарна Алексо Демниевски Бауман.

    „Сите машки членови во семејството имаат служено војска и тоа ми беше предизвик да ја продолжам таа традиција. Сакав да го искусам тоа што тие го искусиле. Иако е тешко, ова е ново прекрасно искуство, да се научи на ред, дисциплина. Овде сите сме исти, се поддржуваме меѓусебно и нема разлика во пол и националност“, рече Александра Јакимова од Скопје.

    Меѓу припадниците на АРМ е и кајакарскиот репрезентативец Енис Небиоски.

    Во војска како професионални војници имам двајца постари колеги. И јас решив да одам по нивниот пат. А, кајакот може да паузира некој месец. Имам само 19 години и ќе продолжам со овој спорт“, рече Небиоски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира