ДВА ДЕНА ГОРАТ ТРСКИТЕ НА ОХРИДСКО-СТРУШКИОТ БРЕГ, ПОЖАРНИТЕ ГАСНАТ, НИКОЈ НЕ ГИ БАРА ПИРОМАНИТЕ

    ДВА ДЕНА ГОРАТ ТРСКИТЕ НА ОХРИДСКО-СТРУШКИОТ БРЕГ, ПОЖАРНИТЕ ГАСНАТ, НИКОЈ НЕ ГИ БАРА ПИРОМАНИТЕСиноќа околу 18 часот некој ја запали трската помеѓу болницата „Свети Еразмо“ и некогашниот автокамп „Андон Дуков“ во , а денес околу 14 часот гореше трската на предниот крај од полетно-слетната писта на Охридскиот аеродром (Фото: СДК.МК)

    Два дена горат трските на охридско-струшкиот брег, а пожарните од охридската Противпожарна бригада постојано го гаснат огнот.

    Денес околу 14 часот гореше трската на предниот крај од полетно-слетната писта на Охридскиот аеродром, на неколку стотини метри пред неа. Огнената стихија зафати поголема површина на трски.

    Синоќа околу 18 часот, помеѓу болницата „Свети Еразмо“ и некогашниот автокамп „Андон Дуков“ во Охрид некој ја запали трската по што избувна голем пожар. Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски ја потврди информацијата, со напомена на местото каде што се појавила огнената стихија имало едно противпожарно возило од охридската Противпожарна бригада.

    Ова не е првпат да гори трската на овој дел од брегот. Само годинава трската беше запалена неколку пати. Засега нема официјални информации кој ја потпалува трската токму на овој дел од брегот и дали некој воопшто е казнет за тоа.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира