ОХРИДСКИОТ ЧИНАР ПАК ОШТЕТЕН, СЕ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ЗАСАДИ НОВО ДРВО

    ОХРИДСКИОТ ЧИНАР ПАК ОШТЕТЕН, СЕ ПРЕДЛАГА ДА СЕ ЗАСАДИ НОВО ДРВОЧинарот во изминатите години поради старост и временски неприлики претрпи неколку потешки оштетувања (Фото: СДК.МК)

    Охридскиот чинар стар околу 11 века деновиве беше пак оштетен, при што настрадаа горни гранки. Увид изврши државниот инспектор за природа Хасан Рустеми.

    „Рустеми е запознат со повторениот јавен оглас за санација и ревитализација на чинарот, што Одделението за заштита и влијание на животната средина го распиша вчера. Потсетуваме дека со неговата годишна програма се предвидени средства за целосна санација и ревитализација на чинарот, со која на најсоодветен начин ќе биде заштитен еден од симболите на Охрид”, соопштија од локалната самоуправа.

    Невладини организации и претставници на надлежните институции, иако неофицијално, предлагаат да се засади ново дрво на истото место, бидејќи чинарот е многу стар, а санациите не ги даваат очекуваните ефекти. Предлог е за нов насад да се искористи некоја од сѐ уште виталните гранки.

    Чинарот во изминатите години поради старост и временски неприлики претрпи неколку потешки оштетувања, еднаш дури и се расцепи.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира