Холандската полиција објави дека го уапсила мажот осомничен за денешното пукање во трамвај во центарот на Утрехт. Во нападот, за кој властите веруваат дека е терористички чин, се убиени три лица, а уште петмина се повредени.
Претходно беше соопштено дека се трага по 37-годишен маж роден во Турција. Засега нема детали каде тој бил фатен.
„Земјата е многу вознемирена од овој напад“, изјави премиерот Марк Руте.
Нападот се случи во претпладневните часови и еден сведок изјави дека „напаѓачот почнал да пука без контрола“.
„Не ја исклучуваме можноста дека станува збор за терористички напад“, изјави националниот координатор за антитероризам, Питер-Јап Алберсберг.