Европската народна партија (ЕПП), најголемата група во Европскиот парламент, ја суспендираше партијата на Виктор Орбан, Фидес, поради нејзиното континуирано спротивставување на политиките на Европската Унија.
ЕПП едногласно одлучи на Фидес да ѝ се одземе правото на глас, како и правото на учество на состаноците. Пред гласањето, Фидес се закани дека ќе излезе од ЕПП доколку биде суспендирана.
„Одлуката е донесена со 190-3 во гласови. Суспензијата веднаш стапува на сила“, изјави претседателот на ЕПП Јозеф Даул.
Тринаесет европски партии од десниот центар побараа исфрлување на Фидес од ЕПП по последната антиимигрантска кампања во Унгарија, кога на истите билборди беа ставени милијардерот Џорџ Сорос и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.