КАКО ОВОЈ ЧОВЕК МОЖЕ ДА БИДЕ УСТАВЕН СУДИЈА, ПРАШУВА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЗА ДАРКО КОСТАДИНОВСКИ КОМУ НЕ МУ СЕ ВАЖНИ ХУМАНОТО И КВАЛИТЕТНОТО ЖИВЕЕЊЕ

    КАКО ОВОЈ ЧОВЕК МОЖЕ ДА БИДЕ УСТАВЕН СУДИЈА, ПРАШУВА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЗА ДАРКО КОСТАДИНОВСКИ КОМУ НЕ МУ СЕ ВАЖНИ ХУМАНОТО И КВАЛИТЕТНОТО ЖИВЕЕЊЕКоментарот на Камбовски е во контекст на изјавата на Костадиновски на вчерашната седница на Уставниот суд, на чиј што дневен ред беше мораториумот за градба. - Владо Камбовски; Дарко Костадиновски (Фото: СДК.МК)

    По вчерашната одлука на Уставниот суд времено да го укине мораториумот за градба во Општина Центар, академик Владо Камбовски го посочи уставниот судија Дарко Костадиновски дека не ја разбира азбуката на правото и на Уставот и се чуди како тој може да биде судија на Уставниот суд.

    Коментарот на Камбовски е во контекст на изјавата на Костадиновски на вчерашната седница на Уставниот суд, на чиј што дневен ред беше мораториумот за градба.

    „Ќе платиме голема цена ако толерираме излегување од рамките на Уставот и законот. Не може оправдание да биде хуманото живеење и поквалитетен живот. Ако си донесат ваква мерка сите општини на што ќе личи оваа држава? Просто е, Советот на Општина Центар ги пречекорил ингеренциите“, изјави вчера уставниот судија Дарко Костадиновски.

    Академикот и професор по кривично право Камбовски вели дека Уставниот суд постапил спротивно на уставното начело за заштита на човековите слободи и права и на владеењето на правото, а за изјавата на судијата Костадиновски вели дека во таа смисла е многу скандалозна изјавата

    „Тој судија не ја разбрал азбуката на правото и на Уставот и според мене, прашање е како може да биде судија во Уставниот суд“, вели Камбовски за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира