Руските фудбалери Александр Кокорин и Павел Мамаев беа казнети од нивните клубови, откако на социјалните мрежи се појави видео од нивната раскошна забава во Монако веднаш по елиминацијата на Русија од Европското првенство во Франција.
Според извештаите во руските медиуми, Кокорин и Мамаев потрошиле 250.000 евра на 500 шишиња шампањ во ноќен клуб во кнежеството.
Нивните клубови Зенит и Краснодар ги казнија парично и ги отстранија од првите тимови.
За инцидентот дознал и рускиот претседател Владимир Путин, кој се огласи преку портпаролот Дмитри Песков.
„Мора да бидеме внимателни и да утврдиме дали нашите фудбалери платиле за ова претерување или тоа го направил некој друг. Господ ќе им суди на фудбалерите ако тие се одговорни за забавата”, изјави Песков.
Русија беше елиминирана во првата фаза од Европското првенство во фудбал, откако не успеа да победи на нити една трите средби против Англија, Словачка и Велс. Мамаев и Кокорин настапија на сите три меча во Франција.