РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО АТИНА НАПАДНАТ СО БОМБА, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО АТИНА НАПАДНАТ СО БОМБА, НЕМА ПОВРЕДЕНИВо нападот е предизвикана само мала материјална штета (Фото: Ројтерс)

    Напаѓачи на мотоцикл утрово фрлија бомба во рускиот конзулат во Атина, при што била предизвикана мала материјална штета и немало повредени, објави полицијата.

    Досега никој не ја презел одговорноста за нападот што се случил во рани утрински часови во предградието Халандри. Бомбата експлодирала покрај чуварска куќичка, но се верува дека немала голема моќ.

    „Материјалната штета е мала и никој не е повреден“, изјави портпаролот на полицијата.

    Нападот беше осуден од грчкото Министерство за надворешни работи.

    Кратко време по инцидентот, изгорен мотоцикл беше пронајден во централната област Егзархија и се испитува дали тој бил употребен во нападот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира