ОПШТИНА САРАЈ ЗАТРУПАНА ВО ЃУБРЕ, ПАТОТ КОЈ ВОДИ КОН ИЗВОРОТ РАШЧЕ Е ДИВА ДЕПОНИЈА

    ОПШТИНА САРАЈ ЗАТРУПАНА ВО ЃУБРЕ, ПАТОТ КОЈ ВОДИ КОН ИЗВОРОТ РАШЧЕ Е ДИВА ДЕПОНИЈАГрадежни материјали, земја, кревети, пластика, стари телевизори, ѓубре и облека се дел од фрленото ѓубре. (Фото: СДК.МК)

    Патот во Општина Сарај кој води кон изворот Рашче е претворен во дива депонија. Од двете страни на патот има купишта ѓубре. Градежни материјали, земја, кревети, пластика, стари телевизори, даски и облека се дел од фрленото ѓубре. Депонијата се протега неколку километри и никој не ја чисти, а ѓубре се таложи секој ден.

    Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети не одговараше на нашите телефонски повици да објасни зошто комуналното претпријатие „Сарај“ не ги расчистува депониите, туку дозволува тие од ден на ден да се поголеми.

    Депонијата се протега неколку километри и никој не ја чисти. (Фото: СДК.МК)

    Во петокот во посета на изворот Рашче беше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. На прашање на САКАМДАКАЖАМ.МК дали по пат ги забележал дивите депонии покрај патот, Шилегов одговори дека Општина Сарај треба да ги исчисти.

    „Општина Сарај има јавното комунално претрпијатие и тоа треба да ги чисти депониите. Доколку немаат капацитет, градоначалникот Блерим Беџети треба да изнајми фирма која со соодветна механизација ќе ги чисти депониите. Точно е дека лани склучивме договор со Општина Сарај, ЈП ‘Комунална хигиена’ да го собира ѓубрето. Но тоа не значи дека Општината нема никакви обврски. Тие треба да си ги расчистуваат дивите депонии“, изјави Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира