Европскиот парламент го поддржа предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за еден час во земјите од Европската Унија. Ова ќе стапи на сила во 2021 година, кога секоја членка ќе може да избере дали постојано ќе остане на летно или на зимско сметање на времето.
Според досегашната пракса, сите 28 членки ги поместуваа стрелките на часовникот двапати годишно, што повторно ќе се случи в недела.
Европската комисија го предложи укинувањето минатата година, откако испитувањето на јавното мислење покажа дека 84% од луѓето го поддржуваат ова.
Летното сметање на времето е задолжително во ЕУ во 2001 година. За оние што ќе го изберат зимското сметање, последната промена на часовникот ќе се случи на крајот на октомври 2021.