Најмалку седум луѓе загинаа во пожарот што зафати 19-катница во комерцијалната област на главниот град на Бангладеш, Дака.
Се стравува дека десетици луѓе се заглавени во зградата и локалните медиуми објавија дека најмалку шестмина скокнале од прозорците во обид да се спасат.
Пожарите се чести во Бангладеш и во последната катастрофа, минатиот месец 78 луѓе загинаа во историскиот дел на Дака.
Пожарникарите неколку часа се бореле со пожарот, а во акцијата на спасување учествувале и воени хеликоптери. Вработени во зградата кажаа дека пожарот избувнал на вториот спрат.
„Пожарот загуби на интензитет и ситуацијата сега е под контрола. Спасени се повеќе од десет луѓе кои избегале на покривот“, изјави заменик-шефот на цивилната заштита, Дебашиш Бардани.