„ДИГАЈ, ДИГАЈ“, БИЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ПИЛОТОТ НА УРНАТИОТ АВИОН НА „ЕТИОПИАН ЕРЛАЈНС“

    „ДИГАЈ, ДИГАЈ“, БИЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ПИЛОТОТ НА УРНАТИОТ АВИОН НА „ЕТИОПИАН ЕРЛАЈНС“Авионот Боинг 737 Макс на „Етиопиан Ерлајнс“, кој се урна пред три недели. (Фото: Ерлајнерс)

    Почнаа да излегуваат детали од последните моменти од летот на „Етиопиан Ерлајнс“, кој се урна пред три недели. Системот за спречување губење сила при подигање (МЦАС) на авионот Боинг 737 Макс, се посочува како причина за катастрофата во која загинаа сите 157 патници и членови на екипажот.

    Набрзо по полетувањето, на само 137 метри над тлото, носот на авионот почнал да се спушта надолу. Еден од пилотите, како што објави „Вол Стрит Џурнал“, му рекол на колегата „Дигај, дигај!“ пред да престане да функционира радиото.

    Авионот се урна по само шест минути лет.

    Истиот систем се верува дека е причина за уривањето на ист модел на авион на „Лајон Ер“ во Индонезија во октомври, кога загинаа 189 луѓе.

    Сомнежите околу безбедноста на Бoинг 737 Макс доведоа приземјување на авионот во цел свет.

    Компанијата „Боинг“ го редизајнираше софтверот на авионот за да може да се исклучи МЦАС ако има конфликтни податоци од сензорите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира