ФОНДАЦИЈАТА „ДОПИР“ СОБРАЛА 57.000 ЕВРА ЗА БОЛНИ ДЕЦА, А ГИ ТРОШЕЛЕ ЗА СЕБЕ, КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОСНОВАЧИТЕ

    ФОНДАЦИЈАТА „ДОПИР“ СОБРАЛА 57.000 ЕВРА ЗА БОЛНИ ДЕЦА, А ГИ ТРОШЕЛЕ ЗА СЕБЕ, КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОСНОВАЧИТЕСо Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје 1, паричните средства од фондацијата се замрзнати. - Од Фејсбук страницата на Фондацијата „Допир“

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М. Ш. (53) и А. Ш. (49) за кривично дело Компјутерска измама. Двајцата пријавени, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, ја формирале Фондација „Допир“ и креирале веб страна bidihumansega.mк која активно работела на собирање средства за помош на деца со посебни потреби и ретки болести и притоа собрале 3,531,119 денари, кои ги повлекувале за сопствени потреби, соопшти МВР. Од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, утврдено е дека регистрант на веб страната bidihumansega.mk е лицето М. Ш., кој и воедно е претседател на Фондацијата.

    Сајтот, кој сега веќе не постои, изгледаше професионално изработен, а фондацијата редовно испраќаше соопштенија за акциите за собирање пари до медиумите. Нивните објави беа масовно споделувани на социјалните мрежи.

    „Во рамки на спроведената истрага, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши низа проверки, меѓу другото и околу тоа дали лицата, односно корисниците на веб страната за кои се собираат донации, евидираат во системот на Министерството за внатрешни работи и притоа констатирано е дека поголемиот дел од корисниците не постојат, односно креирани се измислени, лажни, фиктивни профили преку кои веб страницата собирала донации и парични средства. Притоа утврдено е и дека заклучно со 27.03.2019 година преку веб страната bidihumansega.mk собрани биле 3.531.199 денари“, се вели во соопштението на МВР.

    По направената анализа на банкарските сметки, велат од МВР, констатирано е дека од собраните парични средства, пријавените вршеле повлекување на парични средства за сопствени потреби.
    На 27 март, по претходно обезбедена судска Наредба за претрес, издадена од Основен суд Скопје 1, полицијата извршила претрес на деловни простории во стан во Скопје, при што биле пронајдени голем број на докази кои укажуваат дека лицата М. Ш. и А. Ш. свесно вршеле внесување на невистинити податоци и фотографии од деца кои биле предмет за собирање на парични средства по основ на донации и со тоа довеле во заблуда голем број на граѓани и правни лица кои донирале парични средства. Со Наредба од Судија за претходна постапка од Основен Суд Скопје 1, паричните средства од фондацијата се замрзнати.

    При уплата на средства во фондацијата, донаторот имаше опција да остане анонимен или да му стои името. Меѓу донаторите имаше и познати компании, кои уплаќаа поголеми суми евра. Во објаснувањето на сајтот стоеше дека собраните пари не се префрлаат на семејствата на болните деца, туку директно на болниците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира