ЌЕ ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО НА ТРГОВСКИТЕ МАРКИ КОЕ 30 ГОДИНИ СОЗДАВАШЕ КОНФУЗИЈА, КАЖА ЦИПРАС НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКИОТ БИЗНИС ФОРУМ

    ЌЕ ГО ЗАТВОРИМЕ ПРАШАЊЕТО НА ТРГОВСКИТЕ МАРКИ КОЕ 30 ГОДИНИ СОЗДАВАШЕ КОНФУЗИЈА, КАЖА ЦИПРАС НА МАКЕДОНСКО-ГРЧКИОТ БИЗНИС ФОРУМГрчкиот премиер Алекис Ципрас на Бизнис форумот во Скопје, на кој учествуваа над 400 стопанственици од двете земји. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Активирање на член 1 од Договорот од Преспа и формирање посебен комитет со кој ќе се решаваат сите отворени прашања, вклучително и оние за трговските марки најави грчкиот премиер Алексис Ципрас.

    „30 години имаше конфузија меѓу претприемачите и потрошувачите. Договорот од Преспа е јасен и тој е платформа за дијалог за потеклото на стоките, трговските марки и знаците“, рече Ципрас на Бизнис форумот на македонските и грчките компании во Скопје.

    Тој кажа дека треба да се искористат сите иницијативи за соработка, како што се кинеската иницијатива, иницијативата 16+1, берлинскиот процес, интересот на САД за инвестирање во обновливи енергии, како и продлабочување на соработката со Русија. Ципрас повтори дека со договорот се избегнува двојното одданочување, што досега не беше можно.

    „Сакам да им честитам на грчките медиуми за денешните наслови за посетата дека сме извршиле инвазија на Северна Македонија. Но, ние не сме тука да вршиме инвазија, ниту сме Дедо Мраз, тука сме да ги искористиме можностите за соработка. Преку пристаништата во Солун и Пиреја, но пред сѐ преку солунското пристаниште сакаме да допреме до пазарите на Централна Европа, преку Македонија која е транзитна точка на трговијата, енергетските рути“, рече Ципрас.

    Тој кажа дека за да се развива економската соработка треба да се обезбедат и брзи возови меѓу Грција и Македонија, кои ќе водат до Централна Европа.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира