ТЕРОРИСТОТ ОД КРАЈСТЧРЧ ДОБИ 50 ОБВИНЕНИЈА ЗА УБИСТВО, САМ ЌЕ СЕ БРАНИ НА СУД

    ТЕРОРИСТОТ ОД КРАЈСТЧРЧ ДОБИ 50 ОБВИНЕНИЈА ЗА УБИСТВО, САМ ЌЕ СЕ БРАНИ НА СУДБрентон Тарант утре повторно ќе се појави на суд (Фото: Ројтерс)

    Брентон Тарант, напаѓачот на две џамии во Крајстчрч минатиот месец, ќе се соочи со 50 обвиненија за убиство и со 39 обвиненија за обид за убиство, објави новозеландската полиција.

    „Други обвиненија сè уште се разгледуваат“, соопшти полицијата.

    Дваесет и осумгодишниот самопрогласен бел расист беше обвинет за едно убиство веднаш по нападот, што го изврши на 15 март. Тарант повторно треба да се појави на суд утре и изразил желба сам да се застапува. Тој би можел да стане прв човек во историјата на Нов Зеланд кој бил осуден на доживотен затвор без право на помилување.

    Ова се случува паралелно со дебатата за новиот закон за оружје во новозеландскиот парламент, што треба да доведе до целосна забрана на полуавтоматското оружје и на други типови воени пушки. Владата ја разгледува и шемата на откупување на полуавтоматското оружје од населението, што би можело да ја чини и до 300 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира