НИЗ БИВШАТА КАСАРНА ВО ОХРИД ИЗГРАДЕНА УЛИЦА, ОБЈЕКТИТЕ И НАТАМУ ПРОПАЃААТ

    НИЗ БИВШАТА КАСАРНА ВО ОХРИД ИЗГРАДЕНА УЛИЦА, ОБЈЕКТИТЕ И НАТАМУ ПРОПАЃААТПросторот на касарната останува неинтересен за охридската администрација (Фото: СДК.МК)

    Низ бившата касарна во Охрид деновиве беше направена улица, која ќе го растовари сообраќајот во неколку населби. Меѓутоа, овој простор и натаму не е интересен за охридската администрација и бројни институции кои се во центарот на градот.

    Пред десет години постоеше идеја во објектите на касарната да бидат префрлени полицијата, пожарната, дел од општинската администрација, па дури и Факултетот за информатички технологии, но тоа не се реализираше.

    „Во овој момент, не се размислува за преместување на охридската полиција, пожарната и на дел од општинската администрација во објектите на бившата касарна. Вистина е дека таква идеја постоеше пред десетина години, со цел да се ослободи просторот во централното градско подрачје”, велат од локалната самоуправа во Охрид.

    Објектите во поранешната касарна моментално се во лоша состојба, просторот е запуштен, а пред две години во тој дел избувна голем пожар.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира