Најмалку 28 лица загинаа откако автобус со германски туристи излета од пат и се преврте на португалскиот остров Мадеира. Бројот на загинати го потврди државната агенција Луна.
Германскиот весник „Билд“ објави дека во автобус се возеле 50 патници и несреќата се случила близу градот Канико. Причината за сообраќајната несреќа засега не е позната. Несреќата се случила во 18.30 часот по локално време, кога возачот изгубил контрола над автобусот на крстосница и излетал од патот.
Градоначалникот Филипе Соуса кажа дека сите патници во автобусот биле Германци.