СО 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЛЕТОВО ЌЕ СЕ САНИРА КОЛЕКТОРОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    СО 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЛЕТОВО ЌЕ СЕ САНИРА КОЛЕКТОРОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОИзминативе години особено во летната сезона колекторскиот систем откажуваше, а последиците од тоа беа видливи во излевање на нечиста вода од шахтите на охридскиот брег.(СДК.МК архивска фотографија)

    Со 4 милиони евра од Владата ќе се санира колекторот на Охридското Езеро, велат ЈП „Про-аква“. Во јуни ќе се формира ново јавно претпријатие за управување на колекторот, по што ќе се распише тендер за негова санација.

    „На повеќе места каде што има оштетувања ќе се врши поставување цевка во цевка, а ќе се менуваат и редукторите во црпните станици кои со години не се заменети. Експерти велат дека по овие зафати системот ќе работи без дополнителни интервенции наредните 15 години“, вели директорот на Јп „Про-аква“ Владимир Алексијоски.

    Моментално, колекторскиот систем работи со 20 отсто од неговиот оптимален капацитет. Од „Про-аква“ велат дека и во такви услови водата во Охридското Езеро е со добар квалитет.

    „Најголем проблем е цевководот и црпните станици на кои  треба да се изврши замена на редукторите кои се клучни во функционирање на колекторот”, додава Алексијоски.

    Изминативе години, особено во летната сезона, колекторскиот систем откажуваше, а последиците од тоа беа видливи во излевање на нечиста вода од шахтите на охридскиот брег.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира