Струга по 25. пат беше домаќин на Кнауф Академијата, организирана од „Кнауф Македонија“, еден вид образовна институција која служи за едукација и информирање за најновите производи и достигнувања во градежништвото. Освен професионалци од оваа сфера од Македонија, присутни беа и соработници и партнери на „Кнауф“ од Бугарија, Србија, Грција, Косово, Албанија и Црна Гора.
Кнауф Академијата ги информираше учесниците за најновите техники и производи на „Кнауф“, како и за најактуелните светски трендови во градежништвото и нивна имплементација. Истовремено, беа прикажани новитетите во областа на малтери, системи за сува градба, фасади и подови, со што уште еднаш се потврди носечката улога на „Кнауф“ во областа на градежништвото.
„Сакаме несебично да ви го пренесеме целото знаење кое ние и нашиот тим го имаме стекнато низ овие 100 години постоење, а јубилејни 25 во Македонија. Стотици инженери постојано работат на нови производи и нови решенија во градежништвото и истите несебично преку оваа платформа ќе ви ги пренесеме вам“, изјави генералниот директор на „Кнауф Македонија“, Тодор Деловски.
Со 220 фабрики и 28.000 вработени на пет континенти, „Кнауф“ е водечки производител на материјали и системи на градба на глобално ниво. Македонија е една од земјите во кои „Кнауф“ активно работи веќе 25 години и ја подига свеста за потребата од квалитетни материјали во градежништвото.