СРЕДНОШКОЛЦИ И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ САДЕА ДРВЦА ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ ЗА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

    СРЕДНОШКОЛЦИ И ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ САДЕА ДРВЦА ВО ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО СКОПЈЕ ЗА ДЕНОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈАВо рамки на одбележување на Денот на планетата Земја се одржа и еколошки час, каде децата учеа за биодиверизитетот и заштита на богатството на разновидноста (Фото: Министерство за животна средина)

    Учениците од гимназијата „Орце Николов“ и штитеници од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ садеа дрвца во дел од Зоолошката градина, во рамки на одбележување на Денот на планетата Земја. Претходно, се одржа еколошки час за заштита на богатството и разновидноста на биодиверзитетот.

    Со овие активности Град Скопје и Канцеларијата за комуникација со јавноста на Министерство за животна средина се вклучија во глобалната акција за одбележување на овој ден.

    Според податоците на Мрежата за одбележување на Денот на планетата Земја, во годинешната најголема граѓанска акција се вклучиле повеќе од милијарда луѓе во 192 земји во светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира