Бесплатната телефонска линија 0800-54321 ќе функционира во канцеларијата на Народниoт правобранител в недела, на денот на одржувањето на вториот круг од претседателските избори и предвремените избори за градоначалник на општините Охрид и Ново Село. Таа ќе биде отворена во периодот од седум до 19 часот и на неа граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Канцеларии на Народниот правобранител ќе бидат отворени во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Граѓаните притоа ќе можат да се јават на следниве телефонски броеви: Тетово 044 344-082, Струмица 034 329- 996, Кичево 045 228-586, Битола 047 242-310, Штип 032 389-701 и Куманово 031 431-488.
Народниот правобранител потсетува дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и дека никој не смее да биде повикан на одговорност поради остварување на ова право.