Поранешната хрватска премиерка Јадранка Косор денеска на Плоштад Македонија во Скопје ја следеше светата литургија на папата Фрањо. Косор ја следеше мисата на папата од делот наменет за премиерот Зоран Заев и владината делегација.
За посетата на папата, во Скопје со автобуси пристигнаа околу илјада верници од Хрватска, организирани од Католичката црква.
Јадранка Косор беше премиерка на Хрватска од 2009 до 2011 година.
ЕКИПА НА СДК.МК